Македонскиот филм „ЏГАН” премиерно на 4-ти април (понеделник) ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид.
Кино проецкии ќе има и во деновите 5-ти април (вторник) и 6-ти април (среда) со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 100 денари.
ЏГАН е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ке го продолжи својот прикажувачки живот низ кино салите ширум Македонија.
Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.
Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.