Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година.

Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје.

Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска.

Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои третото место, под менторство на наставничката Катерина Бошкоска. Ученичката Елена Кецкароска IX одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Катерина Бошкоска. Петоодделенката Анастасија Кецкароска освои трето место на натпреварот, под менторство на наставничката Билјана Пулеска. Ученикот Александар Трпески освои трето место, под  менторство на наставничката Гордана Цановска.

Пофалница добија учениците: Марија Буџакоска VIII одделение  под менторство на наставничката Катерина Бошкоска,  ученичката Стефанија Вељаноска VIII одделение под менторство  на наставничката Катерина Бошкоска, како и ученичката Наталија Секулоска, под менторство на наставничката Гордана Цановска.

„Честитки до учениците кои добија награди и пофалници. На сите им посакувам многу успех и понатаму. На ученичката Екатерина Бочвароска и посакувам голем успех на Државниот натпревар по математика.Честитки и до менторите.“– вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски.

На натпреварот учествуваа 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца.

WebOhrid