Во рамките на практичната настава по предметот „ Општество“ , ученици од четврто одделение од ОУ „ Св. Наум Охридски“ од Пештани и подрачното училиште од село Коњско, денеска беа во посета на Општина Охрид. Учениците посетија дел од службите на Локалната самоуправа и се интересираа за нивното функционирање и за реализирањето на барањата на граѓаните.