Следен чекор на СДСМ и коалициските партнери: Платформа за демократска Македонија, бескомпромисно до слобода

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со коалициските партнери од опозицијата.

СДСМ и коалициските партнери ги разгледаа начините за натамошно заедничко дејствување, по одлуката да не учествуваат на планираните лажни, нефер и недемократски избори.

Во таа насока СДСМ и партнерите од опозицијата одлучија утре да потпишат Платформа за демократска Македонија, чијашто основна цел е слободна Македонија.

СДСМ и коалициските партнери се цврсто одлучни за заедничко и бескомрпомисно делување во одбрана на законското и уставното функционирање на државата, правдата, вистината, иднината на Република Македонија.

На состанокот, СДСМ и коалициските партнери едногласно одлучија опозицијата да не ги повлече своите членови од Државната изборна комисија. СДСМ и партнерите се одлучни дека на 5 јуни не се возможни избори, ниту пак ќе учествуваат на таквите нерегуларни избори. Но СДСМ и коалициските партнери ќе го обезбедат своето присуство и контрола на процесот на прочистување на Избирачкиот список, со цел да ги спречат манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Никола Груевски.