Утре во Охрид, официјално ќе биде отворен 4тиот по ред Codefest. Гости на официјалното отворање кои ќе имаат свои излагања покрај организаторите на настанот, ќе бидат Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, и Rozandi Louw, програмска директорка на Швајцарската програма ИМЕ (Increasing Market Employabil
Оваа година настанот се состои од три делови: еднодневна технолошка конференција Codeference, која се одржува утре (петок, 15.04) и на која ќе учестувааат истакнати имиња од повеќе странски и наши институции. Меѓу истакнатите предавачи и панелисти се вбројуваат Атанас Рајков, Генерален Менаџер за Viber за Централна и Источна Европа, високи претставници од CommerzSystems од групацијата на Commerzbank, претставници од Adobe, Google, Microsoft, итн.
Веб страна: http://www.codefest.eu/codeference
Вториот дел од настанот претставува веќе добро познатиот програмерски маратон Codefest Marathon, кој започнува на 16.04 (сабота) во 09:30 часот и на кој во текот на 32 непрекинати часови, 30 тимови од студенти од земјата и странство ќе се натпреваруваат со своите идеи и ќе развиваат ИТ решенија. Настанот завршува на 17.04 (недела) во 16:00 часот со свечена церемонија и прогласување на победниците. http://www.codefest.eu/marathon
Паралелно со конференцијата и маратонот, сите три денови ќе се одвива и Бизнис Експо како трет дел од Codefest 2016 на кое ќе учествуваат повеќе компании од технолошката сфера во Македонија и регионот. http://www.codefest.eu/cfexpo
Целиот настан е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME), која е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.