Женската репрезентација на Македонија до 16 години ќе биде дел од развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје од 23 до 27 април на тренинг центарот „Патар Милошевски“. На развојниот турнир покрај нашата кадетска репрезентација учествуваат репрезентациите на Казахстан, Украина и Луксембург.
Репрезентацијата на Македонија ја предводи Тоше Нацев, а првиот натпревар го играме на 23 април (сабота) против Казахстан во 16:00 часот.
За развојниот турнир на УЕФА, селекторот на Македонија до 16 години, Тоше Нацев ги повика следните фудбалерки:
Македонија до 16 години (жени): Суарта Рочи (AС Јунајтед), Белистојанова Марија (Топ Гол), Биневска Ивана ( СЦ Истатов), Бубмаровска Теодора (Конзули), Гегова Драгана (Борец), Граматикова Сара (Тиверија), Дервиши Рабија (Драгон 2014), Димоска Теодорa (Драгон 2014), Ѓорѓиевска Теодора (Борец), Ѓорѓиоска Јована (Топ Гол), Киранова Викторија (Конзули Ј), Костеска Надица (СЦ Истатов), Николова Ивана (Тиверија), Николовска Анастасија (Речица), Николовска Кристина (Борец), Ристовска Танкица (Тиверија), Тодоровска Александра (Кочани), Чонева Радицa (СЦ Истатов), Џевалекова Марија (Тиверија), Живиќ Јулија (Борец);
Развојниот турнир на УЕФА во женска конкуренција го отвораат Украина и Луксембург со утрешниот натпревар со почеток во 11:00 часот.