Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од Помошник министерот на Одделот за Европска унија и меѓународна соработка Сали Рамадани учествува на Министерскиот состанок во Солун, посветен на граничното управување, намалување и спречување на криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе.
На состанокот учествуваат и Министрите за внатрешни и надворешни работи на Република Албанија, Република Бугарија и домаќинотГрција, но и високи претставници на Европската комисија и Холандското претседателство со Советот на Европската Унија.
Одржувањето на состанокот е во насока на зајакнување на дијалогот и отворање нови можности за натамошна прекугранична соработка во однос на координацијата и справувањето со бегалската и миграциската криза, но и други заеднички предизвици.