Охрид промовиран пред најеминентните туристички работници во Виена

Пред повеќе од 150 присутни, помеѓу кои амбасадори од неколку земји, претставници на туристички агенции, туроператори и новинари за туризам, градоначалникот Бакрачески, го промовира Охрид во Виена, Австрија. Настанот за промоција на Охрид пред најеминентните туристички работници беше во организација на градоначалникот Бакрачески заедно со Амбасадата на Република Македонија во Австрија и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузана Родлер.

Присутните преку обраќањето на градоначалникот, видео спотовите и промотивниот материјал имаа можност да ги доловат природните убавини на градот и големиот број на културно историски знаменитости. По завршувањето на презентацијата присутните имаат можност на коктел од традиционални јадења да ја вкусат и македонската кујна.

На манифестацијата се отвори можност за неколку соработки во иднина со австриските туристички работници, за ставање на Охрид на туристичката мапа на австриските туристички агенции и туроператори.