По повод празникот Цветници, денес во манастирот „Пресвета Богородица“ Пречиста во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
Пред почетокот на Литургијата, беа осветени и врбовите гранчиња, симбол на оние гранчиња, со кои незлобивите дечиња Го пречекаа во Ерусалим Царот на сите.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.