На 23ти април во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се одржа поетскиот караван „Четири литературни манифестации“: Млади творци поезија, Млади творци проза, Македонска лирска поезија и Прозно перо.
На поетскиот настан по претходно распишан конкурс и селекција поради големиот број пријавени литературни творби, право на учество добија 5 ученици заедно со менторот проф. Перчо Божиновски.
Во светите простории на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во еден ден, на едно место, сите љубители на убавиот пишан збор и поети и писатели и млади и возрасни ја воздигнаа литературата и духот кој е двигател на прогресот преку убавите духовни рожби. Членови на жирито беа истакнати поетски творци како Виолета Сековска – поетеса на годината, Гордана Коцева – автор и администратор на повеќе поетски групи, Иван Котев – најпознат собирач и проучувач на македонското фолклорно творештво, Мирко Томовски – поет и писател за деца и возрасни, Никола Илијовски – писател од поновата генерација и Милица Паулус – организатор, претседател на жирито и манифестациите, донатор на дипломите, трофеите и нивно гравирање.
Резултати по манифестации и категории:
Млади творци поезија:
– категорија од 14 до 17 години, пофалници за учениците Дајана Сиљаноска и Марија Петреска
Млади творци проза:
– категорија од 14 до 17 години, ученичката Анастасија Крстаноска – пофалница
– категорија од 14 до 17 години, ученикот Сергеј Костовски – диплома за второ место
– категорија од 18 до 21 година, ученичката Наталиа Наумоска – диплома за второ место
Македонска лирска поезија:
проф. Перчо Божиновски – прво место, диплома за најубава лирска песна.
На литературниот конкурсот распишан за 6 меѓународниот фестивал во поезија за млади „Машта и снови“ ученичката Марија Петреска под менторство на проф. по мак. јаз. и лит. Перчо Божиновски доби пофалница во категоријата за средни училишта, единствена од Македонија. На конкурсот пристигнале 1912 песни на автори од 10 земји. Фестивалот ќе се одржи на 17.5.2016 во Центарот за култура во Сремска Митровица каде што ќе бидат доделени наградите и пофалниците и претставен Зборникот од Фестивалот.
И во иднина учениците заедно со менторот ќе продолжат да го негуваат убавиот пишан бор и грижата кон македонскиот литературен јазик и литература.