СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 31ви јануари годинава, од страна на полициски службеници во атарот на с. Црвена вода, општина Дебрца затекнат е пријавениот со ловна пушка марка „црвена застава“ калибар 16 мм и седум куршуми со истиот калибар, а по преземени мерки утврдено е дека пријавениот не поседува одобрение за поседување и носење на огнено оружје, а оружјето било во сопственост на неговиот татко.