Кривична за охриѓанец кој не поседувал одобрение за пушката од неговиот татко

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 31ви јануари годинава, од страна на полициски службеници во атарот на с. Црвена вода, општина Дебрца затекнат е пријавениот со ловна пушка марка „црвена застава“ калибар 16 мм и седум куршуми со истиот калибар, а по преземени мерки утврдено е дека пријавениот не поседува одобрение за поседување и носење на огнено оружје, а оружјето било во сопственост на неговиот татко.