Охридските основци со завидни резултати на Државниот натпревар по географија

На овогодинешниот Државен натпревар по Географија кој се одржа на Природно математичкиот факултет во Скопје, охридските основци постигнаа завидни резултати.

Ученикот Атанас Спасевски од ОУ „Христо Узунов“, под менторство на наставникот Зоран Митановски, го подели 4то место во конкуренција од 155 натпреварувачи и ја освои првата награда, а додека ученикот Горан Кичеец од ОУ „Григор Прличев“ по менторство на наставникот Петре Тасевски го подели 11то место.

Ова е уште еден голем успех за охридските основци.

Natprevar Po Geografija 2016