На средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, амбасадорот на Унгарија Јозеф Бенце, најави дека при крај се подготовките за отворање на конзулат на Унгарија во Охрид. Градоначалникот Бакрачески изрази благодарност и поддршка на оваа иницијатива и рече дека Охрид станува и козулски град.
На средбата беше оценето дека се продлабочуваат пријателските односи со градот Веспрем, со кого е потпишан меморандум за соработка и се договараат нови заеднички иницијативи.Заеднички беше констатирано дека за кусо време ќе почнат разговори за воведување на чартер летови, како услов за развој на туризмот, а како добар пример за нови форми на соработка беше потенцирана соработката меѓу ЈП „Водовод“ од Охрид и градскиот водовод од Будимпешта.