Утре отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Утре во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Охрид, од 11:00 до 14:00 часот ќе се одржи Отворен ден.

„Училиштето ќе ги отвори своите врати за сите гости, родители и заинтересирани ученици од завршните одделенија од основните училишта на кои им претстојат уписите за прва година. Тие ќе имаат прилика да се запознаат со просторните и материјални ресурси со кои располага училиштето.

Исто така ќе имаат можност да се запознаат и со дел од раководниот и наставниот кадар, да подигнат рекламен материјал, да се информираат за профилите кои се изучуваат во ова училиште, за наставните планови и програми и нивната реализација, за условите и критериумите за Упис на ученици во учебната 2016/2017 година и за сѐ останато што би ги интересирало.“– информираат од училиштето.

Настанот е организиран од Училишните компании кои работаат на часовите по практична настава за четврта година, под менторство на професорите Царева Цветаноска, Весна Карамитре и Горан Попоски.

Училишните компании ќе се промовираат истакнувајќи ги комуникациските вештини, тимската работа, водењето деловна коресподенција.

Настанот ќе биде збогатен со забавен дел организиран од матурантите при SOSU „ Sv. Kiril i Metodij ’’ Ohrid и со присуство на компании од Охрид. 

„Веруваме дека секој во себе носи некој талент, ние сме тука да ви помогнеме да го откриете вашиот. Учете во најдоброто стручно училиште во Охрид.“– велат од училиштето.