Ученици од Словенија и Црна Гора во посета на Охрид

Заменик градоначалниот Ангел Јанев, денеска имаше средба со ученици и наставници од Основните училишта „Второ основно училиште“ од Цеље, Словенија, „Душан Обрадовиќ“ од Жабљак, Црна Гора и домаќинот Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид.

Претставниците на трите училишта заеднички ќе реализираат бројни активности во рамките на проектот „Сепак заедно“, а имаат планирано слободно време за дружење и меѓусебно запознавање.

Ucenici_SK_CG_4852