Учениците од ОУ „Христо Узунов“ учеа за занаетчиство

Во ОУ „Христо Узунов“, на часот по иновации се одржа работилница „Тајните на занаетот“, со учениците од деветтите одделенија. Предавачи беа Локалното здружение на Занаетчиска комора од Охрид. На работилницата беа презентирани старите занаети и од какво значење е занаетчиството во Македонија.

„Се надеваме дека со ова предавање на нашите ученици ќе им помогнеме при изборот за упис во средно училиште“– вели  директорот Тони Симоновски.

WebOhrid