Во Охрид почувствувани два силни земјотреси

Два силни земјотреси беа почувствувани денес во Охрид во 18:33 и во 18:41 часот.

Според Сеизмолошкиот Завод од Србија, земјотресите се со епицентар во Македонија, во општина Демир Хисар помеѓу селата Големо Илино и Железнец. Првиот со интензитет од 4,8 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри, додека пак вториот беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтер на длабочина од 5 километри.

Потресот предизвика вознемиреност кај охриѓани, а се уште нема официјални информации за евентуални штети.

По овие два потреси, во 19:16 часот регистриран е уште еден потрес со интензитет од 4 степени. Следуваа уште два потреси со послаб интензитет, поточно 3,2 степени во 19:37 часот и 2,9 степени во 21:15 часот.

WebOhrid