Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

„Почитувани сограѓани,

Дозволете ми да Ви го честитам државниот празник, 24 Мај, денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

Одбележувајќи го големиот празник 24 мај, ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука – глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право на проповед за делата Божји на својот мајчин јазик. Преку писмото, на идните генерации на автентичен начин им го пренесуваме она што сме го наследиле од нашите предци. Делата на светите браќа не учат дека сите луѓе се еднакви пред Бога, а јазикот на кој се молат на Бога му е еднакво мил.

Република Македонија ја слави цивилизаторската мисија на големите сесловенските апостоли кои прифаќајќи ја светлината на знаењето на верата придонесоа кон втемелување на правото на еднаквост, јазик и култура.

Сржта на просветителската мисија на сесловенските апостоли е во просветителскиот континуитет што се докажа преку продолжувачите на нивната поука и знаење, големите словенски дејци свети Климент и свети Наум.

За многу години празникот.“- стои во честитката.