Во Охрид одржана обука за управување со чамци

Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16ти до 26 мај во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година.

Напредната обука за управување со чамци беше наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката беа и претставници од Албанија и Косово.

obuka 2

Покрај теоретските предавања, дел од обуката се реализираше и практично – со пловидба и обука за координација на тимот, како и техники за управување со ризик.

Целта на оваа обука беше развивање на програмата за мали чамци преку користење на националните капацитети. Преку оваа обука учесниците се здобија со знаење за функционирање на радарот, електронска навигација со користење на ГПС уред на означена мапа плотер, планирање и извршување на шеми за потрага/пребарување и напредни вештини за управување со мали чамци.

obuka 3