ОУ „Живко Чинго“ дел од проектот Испитување на јодниот статус кај деца на возраст од 8-10 години

Денес во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти тим на медицински стручњаци од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје вршеа испитување на јодниот статус кај 40 ученици од одделенска настава на возраст од 8-10 години.

ОУ „Живко Чинго“ е 14-то училиште во Македонија во кое е спроведен овој проект. Претходно беше добиена писмена согласност од родителите на учениците за испитувањето кое се состои од: палпација на тироидната жлезда, ултрасонографски преглед и анализа на урина. 

Целта на овој проект кој е подржан од МОН и Министерството за здравство е корегирање на јодниот дефицит и неговите последици по здравјето на децата.

WebOhrid