Охрид домаќин на македонско – чешки бизнис форум

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , денеска прими висока делегација предводена од директорот на Одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт , амбасадорот на Р. Чешка во Р. Македонија, Мирослав Рамеш и економски советници од чешката влада.

Повод за работната средба беше македонско – чешкиот Бизнис Форум што на 9-ти и 10 јуни се одржува во Охрид а на кој ќе учествуваат, претседателот на Р. Чешка , Милош Земан, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов , познати чешки бизнисмени и новинари од најпознатите медиуми од оваа земја.

Градоначалникот, Бакрачески изрази уверување дека општината ќе даде целосна логистичка поддршка за организација на овој значаен меѓународен настан и дека Охрид како град домаќин ќе направи се за пријатен престој на гостите.

На средбата беа разгледани сите детали околу одржување на претстојниот Бизнис Форум, а беше истакнато и дека убавините на Охрид и неговите специфики ќе најдат значајно медиумско место што секако би значело одлична промоција на градов и земјава во Чешка.