Спречен обид за нелегално внесување на чекови во вредност од 667 илјади евра

Царинските службеници од Аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за нелегално внесување на чекови во вредност од 2.197.846 турски лири.

На 31.05.2016 година за влез во државата се пријави лицето Б.С. турски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул. Лицето се одлучило да помине на зелен канал каде што поминуваат патници што немаат ништо за пријавување, при што е селектиран за детална контрола. При извршениот преглед, кај патникот се пронајдени хартии од вредност, односно чекови во вредност од 2.197.846 турски лири (во противвредност од 667. 267 евра) кои се задржани и 5.000 евра кои според законските прописи му се вратени.

Согласно законските прописи нерезидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Царинската управа на Република Македонија поведе соодветна прекршочна постапка против лицето Б.С. заради непријавувањето на чековите.

cek 003