Македонија на 60. место според Индексот на најдобри земји

Шведска се наоѓа на врвот според позитивниот животен стил. Исланд се наоѓа на врвот на листата за придонесот на планетата и зачувување на климата, како минималното производство на штетен материјал и ниско испуштање на јаглерод диоксид. Велика Британија е на врвот кога станува збор за науката и технологијата, покажува Индексот на добри земји.

Индексот покажува дека Шведска, соодветно на нејзината економија, прави повеќе добро отколку штета од било која друга земја. Оваа година, на листата биле додадени 38 земји. Либија е на дното.

Земајќи ги сите фактори, Македонија се наоѓа на 60. место на листата.

Во посебните категории, најдолу на листата се наоѓаме во поглед на меѓународниот мир и безбедноста (125 место) здравјето (119 место).

На 93 место сме кога станува збор за просперитетот и еднаквоста, 62 за планетата и климата, а 59 за светскиот ред.

Во поглед на културата се наоѓаме на 57 место, а во науката и технологијата на 27.

Извор: meta.mk