Деветто одделенците од ОУ„Григор Прличев“ во весела атмосфера ја прославија својата полуматурска вечер.
„Радоста бликаше од нивните детски лица, но не изостанаа и солзите за нивната разделба од училиштето кое им беше девет години втор дом.“- велат од училиштето.
Традиционално, облечени сите во исти маички со логото на училиштето, достојно како што доликува на нивната возраст ја прославија оваа, за нив значајна вечер.
Вечерта беше збогатена со прогласување на:
Првенци на генерацијата:
1. Венеса Бакреска
2. Ангела Трпческа.
Пофалени ученици:
1. Анамарија Момироска
2. Емилија Дуноска
3. Тања Гроздани
4. Теа Тасеска
5. Горан Кичеец
6. Кирил Ковачески
7. Петар Лекоски
8. Павел Спростран.