Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници од Националниот совет на македонското малцинство во Република Србија.
На средбата, беа разменети мислења и информации за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и афирмирање на македонскиот јазик, култура и традиција, како и за нивното учество во општествениот и политичкиот живот во Република Србија.
Претставниците на Националниот совет изразија благодарност за континуираната поддршка што ја добиваат од македонските институции и Република Македонија како матична држава, притоа го информираа претседателот Иванов за нивните проекти во областа на образованието и културата.
На средбата беше разговарано и за активностите на Македонската национална заедница во Република Србија, во пресрет на одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, под мотото „Мајка Македонија”.