Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово во 01 часот и 15 минути се случи на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар. Од здобиените повреди, на лице место починал Р.Р. (17) од Дебар. Со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј. (17) од Дебар кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар во Скопје. Во општата болница во Дебар е хоспитализиран Е.К. (18) кој има телесни повреди.
Сообраќајната незгода се случила кога, сега тешко повредениот Е.Ј. по улицата „Вељко Влаховиќ“ кон излезот од градот, без да има возачка дозвола, управувал патничко моторно возило марка „Рено-лагуна“ со струшки регистарски ознаки. Во близина на бензиската станица на „Макпетрол“, тој извршил престигнување на такси возило по што изгубил контрола и преминал на левата коловозна лента по што удрило во земјена препрека и се превртело на кровот.
На местото на сообраќајната незгода, пристигнале екипи на брзата помош и на против-пожарната единица по што извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар.
По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Рено-лагуна“ е подигнато за понатамошен технички преглед.