Средба Заев Хајндл: Брзо решение за кризата, време за губење нема

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, придружуван од амбасадорката на Р.Германија во Р.Македонија, Кристине Алтхаузер.

Заеднички е ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услова за брзи фер и демократски избори во Македонија и организација и спроведување слободни избори според Договорот од Пржино.

„И за Избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејки на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а коишто може да не зависат од политичките партии“, рече Заев.

На средбата е констатитирано дека Република Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза и дека сите страни мора да ја покажат потребната иницијативност за отворените прашања, а со тоа и волја за регуларни предвремени парламентарни избори.

Постои јасна согласност дека само фер, регуларни и демократски избори се опција за напредокот на Македонија нејзините граѓани.

Zaev Hajnd2