Од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) излегоа со поддршка за СОКОМ-МАП, откако Министерството за култура му издаде лиценца за колективно управување на ова Здружение, формирано од страна на Сојузот на композитори.
„Тарифникот на СОКОМ-МАП предвидува ослободување од плаќање на надомест за многу дејности и намалување на средствата кои медиумите ќе треба да ги изготвуваат на име авторски права. Мора да се напомене дека медиумите нема да плаќаат на две здруженија, како што се проширија шпекулации по социјалните мрежи, туку ќе склучат договор со новото здружение кое ќе ги штити правата на музичарите. На средбата која неодамна ја остваривме во име на Здружението на приватните медиуми на Македонија (ЗПММ) со претставници на СОКОМ-МАП не информираа дека станува збор за поголемо намалување на давачките кое е секако во корист на медиумите“, велат од Здружението на приватните медиуми на Македонија (ЗПММ).
Одлуката на Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) пред Нова година да се забрани емитување на македонска, српска и хрватска музика на нивните штитеници предизвика вистинска бура во јавноста, а особено кај медиумите. Одлуката беше подоцна повлечена за по само пет дена, на 5-ти јануари, поради незаконско работење, односно несоодветно распределување на средствата, Министерството за култура на РМ да донесе решение за одземање на лиценцата на здружението Македонска музичка индустрија (ММИ). Тоа фрли само уште една темна точка врз оваа област, односно распределувањето на средствата собрани на име авторски права во РМ.