Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.
„Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми“ – вели Трајчевски.
Тој додава дека претходно на радиото, поради повеќекратно недоставување на податоци му биле доставувани опомени и решение за изрекување мерка, а му биле дадени неколку рокови за усогласување на работењето.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 13 и 15 јуни годинава, извршила контролен административен надзор за што бил изготвен писмен извештај.
Извор: meta.mk