Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на печатницата Летра-дизајн

Учениците од прво одделение од Основното училиште „Св.Климент Охридски“, заедно со своите наставнички беа во посета на печатницата Летра-дизајн.

Во рамки на посетата вработените од печатницата ги запознаа учениците со својот асортиман кој го печатат и како се одвива процесот на печатење и добивање готов производ. Учениците со интерес ги рагледуваа печатарските машини. Сите ученици добија поклон од печатницата со што радосно и полни со впечатоци заминаа.