Кривична пријава за непознат сторител поради фалсификување пари

ПС Кичево поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 25.03.2016 година во 17.00 часот на ул. „Булевар Ослободување“ во Кичево, пред влез на менувачница, при извршен преглед на лицето А.З. од Кичево, пронајдена била една фалсификувана банкнота од 500 денари, а од извршена експертиза, а на РМ, констатирано е дека не знаел дека е фалсификат. Истата претходно поради замена во евра му била дадена од лицето К.Р.Г. од Република Романија, кој исто така не знаел дека е фалсификувана, а ја примил како кусур при купување на производи на подрачјето на Охрид.