Вечерва, во 21 часот, во клубот Куба либре, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, концерт ќе одржи Дамјан Пејчиновски трио“ (гитара, бас, ритам гитара, Македонија). Триото го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Гешоски и Стефан Миладинов.
На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од „џипси- џез“ (gypsy jazz) музиката.
Горан Ѓешовски дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ (Tavitjan brothers trio) со кои настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк.
Дамјан Пејчиновски е македонски гитарист, кој своето џез-образовние го стекнал, исто така, на Националната музичка академија во Бугарија. Неговата активна изведувачка дејност вклучува концерти во повеќе земји на Балканот, а чест гостин е и на фестивалите во овој регион. Добитник е на повеќе награди и признанија.
Иван Петровски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.