Свечената академија за Св. Климент утре во Центарот за култура – Охрид

Свечената академија по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, на Македонската академија на науките и уметностите под наслов „Корените на словенската цивилизација“, која требаше да се одржи вечерва на Антички театар во Охрид, во рамките на „Охридско лето“ поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен и ден на жалост ќе се одржи утре со почеток од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Свеченоста ќе биде збогатена со настап на Камерниот хор „Херувими“ од Скопје, кој ќе исполни црковни творби од словенско-византиската традиција.

Претходно од 13 часот на истата сцена ќе има концерт на Македонската филхармонија под наслов „Песни од срцата“, под диригентство на маестро Борјан Цанев, каде што ќе настапат врвните оперски уметници Ана и Игор Дурловски. „Песни во срцата“ содржи обработки на македонски духовни и народни песни од композиторот Сони Петровски.