За интерветно да им помогне на сточарите од поплавените региони, Агенцијата за храна и ветеринарство од донации обезбеди и на одгледувачите на добиток од Арачиново, Брњарци, Црешево, Инџиково, Смилковци, од Стајковци, Сингелиќ, од Страчинци и Виниче, досега им подели околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот крупен и ситен добиток. Најголем дел од донираниот концентрат, односно 231 вреќа или 11.650 килограми, наменети се за исхрана на говедата и поделени се на сточарите согласно потребите на одгледувачите на добиток, односно врз основа на бројот на преживеани грла кои ги евидентирале при контролата извршена на терен, стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
За исхрана на овци и кози во поплавените региони, преку Агенцијата за храна и ветеринарство од донации од правни лица, досега се собрани и на сточарите им се распоредени над 3.150 килограми концентрат, односно 63 вреќи со овој тип на храна наменет за исхрана на ситен добиток. До крајот на минатата недела на одгледувачите на свињи, донирани и распределени беа 26 вреќи односно 2.200 килограми концентрат.
Акцијата за обезбедување на донации во добиточна храна наменета за сточарите од поплавените региони и нејзино распоредување до сточарите Агенцијата за храна и ветеринарство ја реализира во соработка со стручни лица од Агенцијата за поддшка на развојот на земјоделството, институција чии стручлни тимови со официјалните ветеринари од Агенцијата вршат посета на секое поплавено домаќинство на терен, прават проценка на состојбата со храната која имаат сточарите, а која била зафатена со поплавата и врз основа на сондажата ги дефинираат потребните количини храна за различните видови животни од фармите во поплавените региони.
Активностите на Агенцијата за обезбедување на добитоична храна за сточарите од поплавените региони проболжува и во наредните денови.