Државниот секретар Шехаби учесник на конференцијата за заштита на верската слобода и борбата против дискриминацијата

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби учествува на дводневната конференција на тема „Заштита на верската слобода, спречување на дискриминацијата и насилството по основ на религијата и верата“ организирана од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија.

На конференцијата, на која присуствуваат и претставници на други државни институции, верски заедници и невладини организации, присутните ги поздрави државниот секретар Шехаби, кој денеска ќе има свое обраќање на темата.

konferencija_640_-2