Под мотото „И децата се прашуваат“, од 3-ти до 7-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската недела.
По повод Детската недела во посета на Локалната самоуправа беа првачињата од ОУ „Дебрца“ заедно со нивните наставници.
При посетата учениците накратко се запознаа со работата на градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во ОУ „Дебрца“ ќе се дискутира за правата на децата. Целта на Детската Недела е да допре до децата за да се поттикнат самоиницијативно почесто да размислуваат за своите права.