Денеска и утре во Охрид, се одржува меѓународна конференција посветена на механизмите за мирно (вонсудско) решавање на работни спорови.
На конференцијата, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), учествуваат експерти и претставници на релевантни институции од земјава, регионот и Европската Унија.
Во рамки на дводневниот настан меѓу другото ќе бидат презентирани и искуствата од решавањето на првите работни спорови во земјава според воспоставениот нов систем за мирно решавање на работни спорови со помош на помирувачи и арбитри.