Интензивно се работи на санација на културниот дом во Лешани

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население. Инаку од пожарот што во ноември 2011 година го зафати Културниот дом , целосно беше изгорена кровната и меѓукатна дрвена конструкција, целосно е уништена надворешната и внатрешната столарија, а од објектот останати се само надворешните и делумно внатрешните ѕидови.

Согласно динамиката на изведување на работите, досега е изработена армирано-бетонската конструкција на културниот дом, изработена е нова кровна конструкција покриена со ќерамиди, започната е санација на фасадата на која ќе се постави нова фасадна пвц столарија, а во наредниот период ќе продолжат да се изведуваат внатрешните инсталации и внатрешните завршни градежно-занатски работи, со што објектот ќе добие комплетно нов изглед.

0-sanacija-lesani-3

Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува Градоначалникот Трајкоски во делот на Образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените во ОУ “ДЕБРЦА” – с.Белчишта.

Вкупната инвестициона вредност на овој проект е 6.175.807,0 денари со пресметан ДДВ, од кои 3.000.000,0 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот се сопствени буџетски средства.

0-sanacija-lesani-2