Едукативна работилница „Борба против трговија со луѓе“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“

По повод 18 Октомври – Меѓународен ден на борбата против трговија со луѓе во ОУТУ,,Ванчо Питошески“ се одржа едукативна работилница.

Работилницата се реализира со ученици од прва, втора и трета година како и стручната служба и професори од училиштето. Работилницата се реализира преку техники за интеактивна работа со деца, групна работа, работа со илустративен материјал, како и гледање инсерти од филмот „Лилија засекогаш“.

er

Целта на работилницата беше да се подигне свеста и да се прошират знаењата за трговијата со луѓе, каде приоритет се даде на превенцијата пред се на самите себе и своите најблиски од најтешкиот облик на ропство, жртви на трговија со луѓе. Учесниците се стекнаа со нови предзнаења за темата и добија едукативен памфлет. Модератор на работилницате беше Анета Јованоска обучен едукатор на Црвениот крст на РМ кој има познавања од областа превенција на трговија со луѓе.

er2