Рекордно најниско 155 место за Македонија на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација по поразите од Израел и Италија, забележа пад од -9 места и моментално се наоѓа на 155 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот од ФИФА рејтинг листата остана Аргентина, а промена има на второто и третото место каде што се искачија Германија и Бразил.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Црна Гора со скок од +49 места се искачи на 56 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Кипар од -52 места и се најде на 139 место.

WebOhrid