Денес, по повод празникот посветен на Преподобната Параскева – Петка (Петковден), во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните и се обрати кон нив со пригодна беседа.