НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.Т. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 30.10.2016 година околу 20.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин Дол, полициски службеници стопирале автобус „Мерцедес“, каде како патник било затекнато лицето А.Т.. При личен преглед кај лицето пронајдени биле: кесичка со непозната бела прашкаста материја и едно мало пластично шише со непозната течност, две таблети. Лицето било спроведено во КПУ Затвор Скопје, од каде што избегал, на доиздржување на казна затвор.