Во октомври непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во споредба со септември 2016 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.