Во врска со реакцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои:
„Кога СДСМ зборува и критикува проекти кои се спроведени или ќе се спроведат во градот Охрид, несомнено мора кај нив да постои и владее амнезија.
Без ниту тронка срам и морал СДСМ се дрзнува да зборува за работата на градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ без притоа да погледне во најблиското минато од пред само неколку години и она што го оставија зад себе токму со владеењето во градот Охрид преку нивниот градоначалник Петрески.
Без ни најмала етика без ни најмало чувство на вина за трајното оштетување кое го спроведоја во двата мандати од нивното раководење со градот Охрид во кој оставија над 50 милиони евра долг, урбанистички пустош во секој сегмент од градот Охрид, целосен колапс на јавните претпријатија и што уште не, се дрзнуваат да излезат во јавност пред Охриѓани.
Во најмала рака СДСМ треба да согледува и од градоначалникот Бакрачески и од ВМРО ДПМНЕ за домаќинското работење, за самиот начин на спроведување на проектите низ транспарентни процеси а не да излегува во јавност со небулозни и во крајна смисла трагикомични соопштенија.
Она што Охриѓани го очекуваат е јавно извинување на СДСМ за огромниот број негативности направени кон градот Охрид со кој се опфатени и идните генерации наши сограѓани, но и да изразат јавна благодарност кон градоначалникот Никола Бакрачески и кон ВМРО ДПМНЕ за надчовечките напори за издигнување на градот Охрид во сите области, во спротивно сите обиди кои ги прават за некакво можно критикување се на рамниште од непримерност и несериозност.
ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески стојат позади секој даден збор и ветување и несомнено нашите сограѓани тоа добро го препознале, го препознаваат но сигурни сме дека и ќе знаат да го препознаат и во наредните изборни циклуси.“– стои во реакцијата.