„Од ова свето место од местото каде што Св. Климент ја ширел писменоста насекаде во светот од местото наречено Плаошник ви се обраќаме за да промовираме едно од најзначајните капитални дела од доменот на културното наследство. Проект насловен како изградба на Светиклиментовиот универзитет кој е дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ и проект кој претставува континуитет на духовното меѓутоа во поново време и туристичко согледување на оваа локација.“ – истакна Др. Сашо Василевски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Охрид во ИЕ 5.
Василевски истакна дека Светиклиментовиот универзитет ќе содржи три комплекси со вкупно шест поврзани објекти. Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет предвидува изградба на манастирски конаци, Богословски факултет, музеј на Плаошник, Светиклиментова библиотека, Македонски институт за хуманистички науки и канцеларија на МАНУ за хуманистички науки.
„Со овој проект ќе блесне целокупното црковно и световно жариште на најсветото место во Македонија наречено Плаошник. ВМРО ДПМНЕ не застанува тука и во доменот на културата во градот Охрид ќе спроведе и конзервација на фрескоживописот на црквите Св. Никола Болнички и Св.Богородица Болничка во Охрид каде што со овој проект ќе се добие соодветна заштита на спомениците на културата од 14 век. Но конзервација на фрескоживописот е предвиведна за една од најзначајните цркви во Охрид и Македонија црквата Св Софија. Фрескоживописот на црквата Св. Софија кој ќе се конзервира е од периодот од 11 до 14 век и токму тој е во агендата на сите домашни и странски посетители на градот Охрид има уште многу други проекти кој се во програмата на ВМРО ДПМНЕ од доменот на културното наследство и токму ваквиот пристап кон реализација на проектите.“- рече Василевски.