Арнаудов и Василевски: ЈЗУ Општа болница е една од најсовремените болници во регионот

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како и во изминатиов период, така и во периодот кој следи од програмата „Реално“, многу проекти се започнати и ќе бидат завршени, истакнаа денес кандидатите за пратеници во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов и Д-р Сашо Василевски. Како што рекоа еден од главните сегменти на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде столбот на здравството, сигурно, безбедно, бесплатно, достапно за секој граѓанин на Македонија.

„Имавме тешка задача да дојдиме до оваа болница која веќе не е општа болница на градот, туку е и регионална болница.Во 2010 год. се почна со реконструкција на болницата, имавме доста проблеми, а сега сум горд да кажам дека на крај ги надминавме.Веќе имаме еден оперативен блок кој е во вредност од 5 милиони и 400 илјади евра кој е внатре опремен со најсовремена опрема. Имаме шест операциони сали кои функционираат, посебен оддел е за гинокологија, посебен  за хирургија, за урологија, за ушни заболувања и на третиот спрат посебен оддел на операциони сали. Можеме да се гордееме со една болница која има највисоки европски стандарди и може да дава услуги од најсовремен тип.“- рече во изјава за медиумите, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 д-р Љубен Арнаудов.

izjavavasilevski

„Се предвидуваат околу 344 нови медицински апарати во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во вредност од 1 милион 892 илјади евра. Во ЈЗУ Општа болница Охрид наменети се 705 илјади евра, сто и еден нов апарат во нашата болница. Во Заводот за превенција, лекување и рехабилитација за кардиоваскуларни заболувања предвидени се дополнителни 355 илјади евра. Во здравствениот дом предвидени се 37 илјади евра со пет нови апарати, ќе се набави уште едно амбулантно возило од страна на Ресорното Минстерство за здравствво, кое ќе служи за потребите на оваа болница.“ – истакна Сашо Василевски, кандидат за пратеник во ИЕ5.

bolnicaohridpressmilososki

WebOhrid