Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 16 часот и 45 минути се случи на улицата „15 корпус“ во близина на бензиската пумпа „Навис“ во Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Г.К.(62) од Охрид, кој во критичниот момент го преминувал коловозот на место каде нема обележан пешачки премин. Притоа, врз него налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движел од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“. Поради сериозноста на повредите, пешакот Г.К. итно е префрлен во општата болница во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување.
На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци. За време на увидот немаше застој во сообраќајот.