Охридските ученици го одбележаа Меѓународниот ден на волонтерството

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, со своите млади членови од основните училишта од Охрид го одбележа Меѓународниот ден на волонтерството. Околу двесте деца кои веруваат во солидарност, хуманизам, другарство, ентузијазам и акцијашки дух, присуствуваа денес на трибината која ќе се одржа во салата на ОУ „Христо Узунов“.

„Тука имаме ученици од повеќе училишта, од „Кочо Рацин“, „Христо Узунов“ „Св.Климент Охридски“„Григор Прличев“. Децата се денес тука бидејќи го одбележуваме Светскиот ден на волонтерите. Во оваа чест денес сме собрани тука, а најголема заслуга имаат децата, учениците, бидејќи тие ни се главниот ресурс, без нив не можеме баш ништо. Денес ќе формираме еден клуб на млади волонтери од повеќе училишта, и тие веќе некои од нив поминаа низ обуки, низ тренинзи, формиран е колегиум на лидери, имаме лидери од сите училишта, волонтери  и тие веќе се покажаа и со свои активности, како во својата средина, во своите училишта, но и надвор, засадија 31 дрвце кај гробницата од хероите, на ослободителите на Охрид. Од денес ќе почнат уште поголеми и помасовни активности, започнувајќи од локално ниво, во училиштата, децата надвор од својот редовен дел ќе го дадат својот дух, своето знаење, својот ангажман за да можат уште од најмлади години да бидат зафатени со тој позитивен вирус на хуманоста, на активитетот, за да можат да бидат што попозитивни и повреден дел од нашата заедница.“ – изјави волонтерот Љупчо Милковски.

WebOhrid