Костоски и Каневчев: Граѓаните се спремни за промени на власта во Македонија

Кандидатот за пратеник во ИЗ5 од Коалицијата ВМРО за Македонија, Ванчо Костоски денес одржа завршна прес-конференција, на која изрази што задоволство од текот на оваа кампања. Како што рече тој наидувале на голем одѕив и прием кај граѓаните во Охрид и Македонија.

„Очигледно граѓаните на Македонија, но и охриѓани се спремни за промени на власта во Р.Македонија и се повеќе и повеќе ни ја даваат нивната поддршка. Ние не правиме мегаломански митинзи, ние работиме од човек на човек, поради демократијата, која што ја нема во Македонија и секако сме задоволни од одѕивот. Нашата цел од 13-15 пратеници е речиси исполенета, така што ќе видиме по 11ти вечерта, односно од понеделник – клучниот фактор за формирање на новата влада на Р.М.Една од основните наши цели, што беше и мотив во овие избори е враќање на демократијата во Р. Македонија, враќање на демократијата на секој поединец, да може секој граѓанин да го искаже своето незадоволство од работата на премиерот, на Владата, на градоначалникот, на директорот и притоа да не му фали ништо, односно да му вратиме периодот во кој Македонија беше најслодобна во овие 4-50 години од нејзиното постоење. а тоа е периодот од 1998 до 2002 година, односно враќање на демократијата и во економијата. Ние не сме политичка партија што ќе мафта со една програма од 500-600 страници, ние остваривме за 4 години, што тие не можат да остварат за 40 години, барем за Охрид не можат.“ – истакна Костоски.

pressvladimirkanevcev

На прес-конфернцијата се обрати и кандидатот за пратеник во ИЕ5 од Коалицијата и претседател на Обединети за Македонија Владимир Каневчев.

„Пријатно сум изненаден од сите контакти со луѓето последниве денови во Охрид, поддршката од ден на ден е се поголема, што искрено ме радува. Значи, сега Македонија е пред еден голем расчекор, овие избори ќе бидат една вистинска одлука на секој македонски граѓанинн,дали сакаат да живеат во вакво општество како досега, во осакатена Македонија или сите сакаме да одиме напред.Се надевам дека после влегувањето на власта во новата Влада на Р.М онаму каде што сме засатанале 2002 година, ќе продолжиме, граѓаните секојдневно ќе ги гледаат промените кои настануваат во Охрид и како граѓани ќе бидеме горди во градот во кој што живееме.“– рече Каневчев.

Двајцата кандидати ги повикаа граѓаните да излезат масовно на 11ти декември, да гласаат по своја волја и без страв.

„Се надеваме и сигурни сме дека довербата ќе ја дадат на луѓе кои што со љубов и срце работеа за Охрид, тоа е ВМРО за Македонија, да го заокружат бројот 9.“- порачаа кандидатите за пратеници.

WebOhrid